Од Автокоманда во Ѓорче: Репрезентативката Гугуљанова го засили шампионот

115

Актуелниот женски ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров, во вториот дел од тековната сезона ќе биде посилен со репрезентативката Марија Гугуљанова, дознава Спортска Димензија.

Искусното десно крило веќе тренира со „лавиците“, а со оглед на тоа што преодниот рок трае до месец февруари, многу е веројатно 26-годишната ракометарка во продолжението од сезоната да заигра за шампионскиот тим.

Гугуљанова во Ѓорче Петров пристигнува од Металург Автокоманда, клуб кој се соочува со сериозни финансиски проблеми и неизвесна иднина.

Металург Автокоманда сезоната ја започна со амбиции за борба за титулата, но според моменталната ситуација, тешко дека во вториот дел ќе располага со конкурентен состав за таа цел.

Од друга страна, Ѓорче Петров го засили и стручниот штаб со довчерашниот тренер на Куманово и актуелен селектор на пионерската женска репрезентација на Македонија, Славиша Димитријески.

Интересно, двете екипи сезоната ја завршија со по 23 бода на табелата, но Ѓорче Петров финишираше како лидер благодарение на победата во втората меѓусебна пресметка.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT