Струга посилна со Дарио Симоноски во борбата за опстанок

139

Екипата на Струга во вториот дел од сезоната, во кој ќе се бори за опстанок во Супер лигата, ќе биде посилна со ангажманот на кружниот напаѓач Дарио Симоноски, дознава Спортска Димензија.

Искусниот Симоноски во првиот дел од тековната сезона беше без клуб, а со неговото доаѓање тренерот Жарко Ферукоски добива големо засилување и во офанзивата и во дефанзивата.

Симоноски потекнува од школата на Струга, настапуваше и за Охрид, Работнички и Металург Јуниор, а последните ангажмани ги имаше во Јуниор КВ и Куманово.

Во меѓувреме, од таборот на Струга си заминаа кружниот напаѓач Стефан Атанасовски и интернационалецот од Србија, голманот Александар Ѓурѓевиќ.

Струга есенскиот дел од сезоната во Супер лигата го заврши со биланс од три победи и 15 порази, па во продолжението ќе се бори и следната сезона да биде дел од елитното друштво.

Минатата сезона клубот опстанокот го обезбеди преку бараж дуел против Мулти Есенс.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT