Откако го напушти Вардар и речиси два месеци беше без клуб, левиот бек Филип Талески ја продолжува кариерата во унгарскиот шампионат.
Талески договори соработка со Татабања, со што повторно станува интернационалец, а од раководството на клубот очекуваат Македонецот да биде вистинско засилување.
Како играч се изгради во Металург, по што ја започна интернационалната кариера настапувајќи во Германија за Рајн Некар Левен и Балинген.
Потоа следуваше кам-бек во Македонија и трансфер во Вардар, а потоа и ново заминување во странство, каде настапуваше за португалска Бенфика.
Во летото 2025 година повторно им се приклучи на ,,црвено-црните” но одлучи повторно да го напушти најтрофејниот македонски клуб, наводно поради незадоволство од минутажата.