Големата надеж на македонскиот ракомет потпиша за Вардар

218

Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, во продолжението од сезоната ќе биде посилен со репрезентативката Таида Беровиќ.

Станува збор за голем потенцијал, за девојка пред која е одлична ракометна иднина. Настапуваше на Европското кадетско првенство во Црна Гора каде беше МВП на одредени натпревари. Нејзиниот квалитет веќе на 17 години е препознаен, играше за младинската селекција, а добива повици и за А-тимот на Македонија.

На последниот ЕХФ викенд беше одлична за сениорскиот состав и една од најважните алки за освојување на турнирот во Турција. Вардар добива одлична опција на левата бековска позиција, квалитетен шутер кој игра на ниво во двата правци.

Репрезентативката покрај за сениорската екипа, може да настапува и за кадетките кои се актуелен шампион на Македонија, каде што Беровиќ ќе соработува со голем број на играчи со кои беше дел од кадетската селекција бидејќи во Вардар има голем број на кадетски репрезентативки.

Зад себе има одлична полусезона во тимот на Металург Автокоманда од каде преминува во таборот на Вардар. Неколку пати беше избрана за играч на колото, нешто што беше пракса за неа и изминатата сезона за настапите во домашната лига.

Во есенскиот дел од тековната сезона запиша 35 погодоци во најквалитетното женско сениорско натпреварување во Македонија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT