Несудениот вардарец ќе игра за поранешниот европски првак

130

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Владимир Врањеш, одлучи да се врати во својата татковина и по 14 години повторно ќе го облече дресот на поранешниот европски првак Борац од Бања Лука.

Искусниот кружен напаѓач во првиот дел од тековната сезона настапуваше во Унгарија, каде што го носеше дресот на Чургу а со раководството на клубот од Бања Лука се договори за соработка најмалку до 2027 година.

Иако во 2023 година се шпекулираше дека Врањеш би можел да го облече дресот на Вардар, наводно двете страни не постигнале договор, па кружниот напаѓач заврши во редовите на бундеслигашот Вецлар.

Во текот на својата кариера, Врањеш настапуваше и за Мешков Брест, ПИК Сегед, Татабања, Бенфика и Адемар Леон.

За репрезентацијата на Босна и Херцеговина настапуваше во континуитет од 2009 до 2022 година, одигрувајќи 82 натпревари и постигнувајќи 132 голови.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT