Тиквеш со важна победа, триумфираше и над Работнички

128

По победите против Гостивар (81-72) и Кожув (79-78), кошаркарите на Тиквеш ја остварија третата победа во низа во најквалитетното домашно натпреварување.

Во Кавадарци гостин беше Работнички, кој и покрај големите проблеми не се предаваше, но немаше доволно сила за да си замине со победа, триумфираа домаќините со 85-74.

Гостите одлично го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 22-16. Сепак, домаќините се разбудија во продолжението, одиграа фуриозно во втората четвртина, која ја добија со убедливи 31-10, со што ја презедоа контролата врз резултатот.

Во второто полувреме Тиквеш ја одржуваше предноста, гостите на моменти се враќаа, но домашниот тим беше подобро фокусиран во последните десет минути и заслужено се радуваше на победа.

Тиквеш сега има скор од 6-9 и успеа да избега од опасната зона за испаѓање.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT