Најдобриот стрелец и лев бек од кадетскиот Ф4 потпиша за Македонија Ѓорче Петров

289

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров во продолжението од сезоната ќе биде посилен и со младиот Панче Ристевски, кој во редовите на „лавовите“ пристигнува од поранешниот суперлигаш Борец ФЛ.

Ристевски веќе се приклучи на тренинзите и ќе има можност и прилика да учи од искусниот стратег Оливер Димитриоски. Младиот велешанец во сезона 2023/24 беше најдобар стрелец на кадетскиот Ф4, а го доби и признанието за најдобар лев бек.

Тој е еден од неколкуте таленти од школата на Бисинов и се очекува да биде солидно засилување во редовите на прволигашот.

Македонија Ѓорче Петров го ангажираше и голманот од Алкалоид, Димитар Гиевски, со што тимот ќе добие квалитет повеќе.

Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров есенскиот дел го завршија со биланс од седум победи и шест порази, позиционирајќи се на шестата позиција на табелата со 14 бода.

Натпреварите од прволигашката конкуренција продолжуваат на 14/15 февруари, а во рамките на 15. коло, тимот од Ѓорче Петров ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле.

Во минатата сезона, „лавовите“ за влакно не изборија суперлигашки бараж.

Ѓорчепетровци посилни со талентираниот голман Димитар Гиевски

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT