Поранешниот член на Вардар, Алекс Душебаев, на лето ќе си замине од полскиот гигант Келце, клуб во кој ја игра 9-та сезона, откако си замина од редовите на македонскиот вицепрвак.
Следната дестинација на шпанскиот репрезентативец ќе биде Бундес лигата, поточно тимот на Гумерзбах. Иако во изминатиот период се шпекулираше за негово евентуално враќање во Вардар, како и можен трансфер во Кил, Душебаев на крајот се одлучи за Гумерзбах.
Двете страни се договорија на долгорочен договор, кој ќе биде со важност најмалку до 2029 година. Искусниот бек ќе настапува за клубот што го предводи легендарниот Гудјон Валур Сигурдсон.
Душебаев во Вардар пристина во сезона 2013/14 и во редовите на ,,црвено-црните” играше до сезона 2016/17, односно си замина по освојување на првата титулата во Лигата на шампионите.