По осум години пауза, во Валандово повторно се враќа ракометот, откако група ентузијасти отворија ракометна школа за деца и тинејџери под името Ракометна школа – Валандово.
Од школата ги повикуваат сите млади од Валандово кои се заинтересирани да се приклучат и преку тренинзи и игра да се развиваат физички и ментално.
Иницијативата има за цел да ги поттикне младите да ја засакаат спортската дисциплина, да научат што е тимска соработка и да го градат самопочитувањето.
Школата, која е формирана овој месец, нуди програми за три возрасни групи, а тренинзите, кои ќе се одржуваат во спортската сала „Филип Втори Македонски“, ќе бидат фокусирани на физичка подготвеност, тимски дух, дисциплина и самодоверба.
Од Ракометната школа најавија дека, доколку се оди по планот, можно е од септември децата да започнат и со натпревари, со што ќе добијат можност да го применат стекнатото знаење на тренинзите и да го развиваат својот натпреварувачки дух.