Амбициозниот проект на ГРК Охрид, кој сезонава се наметнува како еден од кандидатите за шампионската титула, годинава ќе добие 30 милиони денари (речиси половина милион евра) од Општина Охрид.
Охриѓани во првиот дел од сезоната на домашен терен совладаа два ривали од големата „четворка“ – Алкалоид и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, додека на европската сцена, во рамките на Европскиот куп, имаат реални шанси за голем успех.
Во позадина на ваквите резултати стои континуираната поддршка од Општина Охрид, која и за 2026 година издвојува најголем дел од средствата токму за ракометот.
Според програмата „ЛО спорт и рекреација“, покрај ракометот, средства се распределени и за останатите спортови во градот, па така фудбалскиот клуб ќе добие 12 милиони денари, додека кошаркарскиот клуб ќе располага со пет милиони денари.
Во минатата година, ГРК Охрид од градот на својата сметка добил 32,6 милиони денари, односно речиси 50.000 евра.