Кавадарчанки го изненадија Вардар

116

Тимот на Пробаскет од Кавадарци во натпревар од 13. коло од најквалитетното женско домашно кошаркарско натпреварување го изненади Вардар и славеше на свој терен со 83-78.

Кавадарчанки сега имаат 21 бод, два помалку од Крива Паланка, односно три помалку од актуелниот лидер Баскет Кам.

Во првото полувреме, двете екипи одиграа различно, па така вардарки ја добија првата четвртина со убедливи 24:14, а во вторите 20 минути кавадарчанки возвратија со силна серија од 29:13 и на пауза заминаа со водство од 43:37.

Во продолжението се играше поизедначено, но Пробаскет успеа да ја задржи предноста стекната од полувремето и на крајот да слави со 83:78.

Одлична партија прикажа МекКормак со 25 поени, додека нејзината сонародничка Томас оствари дабл-дабл учинок од 21 поен и 17 скока. Милица Јовановиќ во победата на домаќинките придонесе со 16 поени, шест скока и четири асистенции.

Кај Вардар се истакна Николиќ со 20 поени, на кои додаде и шест скока и четири асистенции, Јана Пислевска постигна 17 поени (пет скока, три асистенции), а Елена Тасевска уфрли 15 поени.

Прва лига, жени, 13. коло, резултати:
Бадел – Крива Паланка 66:52
Спорт тим – МЗТ Бела вода 59:75
Пробаскет – Вардар 83:78
Патриот – Баскет кам 66:86

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT