Утре со почеток од 19:30 часот ќе се одигра последното дерби од регуларниот дел од сезоната во Супер лигата.
Алкалоид на свој терен ќе го пречека Вардар во последното коло пред стартот на плеј-офот, а вицепрвакот денеска го потврди трансферот на довчерашниот член на Војводина, Вукашин Воркапиќ, па многу е веројатно Србинот да биде меѓу играчите во ростерот на Иван Чупиќ.
Правдата на дербито во Автокоманда ќе ја делат браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола, додека делегати ќе бидат Калмер Металари и Ацо Николовски.
На првата сезонска меѓусебна пресметка, вардарци беа подобри со 34:28.
Во меѓувреме, Алкалоид денеска се пофали дека репрезентативецот Игор Ѓорѓиев ја продолжи верноста кон клубот, што претставува дополнителен мотив и стабилност за тимот пред утрешниот дерби дуел. Ѓорѓиев во Алкалоид е од самото основање на клубот.
ЛИНК ЗА УТРЕШНИОТ НАТПРЕВАР