Ѓорче Петров падна во Свети Николе

622

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет пред својата публика го надиграа МРК Ѓорче Петров, триумфираа со 29:20 во натпревар од 15. коло од прволигашката конкуренција и со денешната победа го презедоа второто место на табелата.

Тие сега имаат 18 бода на своето конто, исто колку и скопскиот тим, но избраничките на Бетувски на првата меѓусебна пресметка беа поразени со помала разлика.

Гостинките добро тргнаа, но во последните десет минути од првиот дел домашниот тим, предводен од Вучевска, Сентовска и Конева (кои постигнаа вкупно 12 гола во првото полувреме), беа двигатели на пресвртот и на стекнатата резултатска предност. По првите 30 минути поранешниот суперлигаш замина на пауза со предност од 14:9.

Гостинките посакуваа кам-бек во вториот дел, но во последниот период од натпреварот целосно се распадна нивната игра, па така Овче Поле Славјански Универзитет немаше поголеми проблеми за да дојде до 9-та сезонска победа.

Анастасија Сентовска беше најефикасна во победничкиот табор со десет погодоци, а имаше и 100% реализација од седум метри (4/4), седум погодоци постигна Елена Вучевска, а шест додаде Јована Конева во убедливата победа.

Кај гостинскиот табор, Марија Димоска и Кристина Наумовска беа најефикасни со по пет погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT