Екипата на Радовиш, која ја очекува тешка задача во борбата за опстанок во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, конечно се израдува на победа.
По 22 порази во низа во Супер лигата, тимот на Радовиш во елиминациското коло од Купот на Македонија славеше над прволигашот Јехона со 37:36 и обезбеди пласман во групната фаза.
Радовиш е единствениот тим од Супер лигата кој засега нема освоено ни бод.
Овој викенд стартува и плеј-аут фазата од Супер лигата, а Радовиш пред својата публика ќе го пречека Прилеп, тим кој од натпревар во натпревар игра сè подобро.