Пионерките на Македонија на „Трофеј Србија“ – Димитријески повика 19 ракометарки

37

По настапот на Медитеранското првенство во Приштина, женската пионерска репрезентација на Македонија повторно ќе го тестира својот квалитет, овојпат на турнирот „Трофеј Србија“, кој ќе се одржи во периодот од 5 до 7 март во Лозница.

Селекторот Славиша Димитријески за оваа акција избра 19 ракометарки, дел од нив веќе имаат и сениорско искуство со настапите во домашната Супер лига.

На турнирот, покрај домаќинот Србија и нашата селекција, ќе настапат и селекциите на Австрија и Црна Гора.

Овие контролни дуели се дел од подготовките за квалификациските натпревари за Европското првенство.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT