Шампионот убедлив на гостувањето во Кавадарци
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер без многу проблеми славеше на гостувањето кај Тиквеш со 43:24 во првото коло од плеј-офот.
Кавадарчани парираа колку што можеа во првиот дел, но од 20-та минута, разликата во квалитет меѓу двете екипи стана очигледна, па така гостите започнаа постепено да градат убедлива предност.
На полувреме, избраниците на Алушовски имаа предност од 21:14, а вториот дел го одиграа рутински, за убедлив старт во плеј-офот.
Најефикасен во победничката екипа беше Дејан Манасков со шест погодоци, исто толку постигна и Богдан Мијушковиќ за домашниот тим.
Во второто коло, Еурофарм Пелистер ќе го пречека вечниот ривал Вардар, додека Тиквеш повторно ќе биде домаќин, овојпат против Бутел.