Еден од кандидатите за титулата во најквалитетното женско сениорско натпреварување во Македонија, ЖРК Чаир, направи историски потег и го засили својот состав со ракометарка од Јапонија.
Станува збор за Нанока Тсуји (26 год, среден бек), која во дресот на Чаир дебитираше на дуелот против поранешниот македонски шампион ЖРК Вардар и успеа двапати да се запише во листата на стрелците.
Тсуји е првата јапонска ракометарка која ја почувствува „ракометна Македонија“, воедно и прва ракометарка од Азија, додека во машката Супер лига, пред две сезони, тоа беше Косуке Јасухира, поранешен член на РК Вардар.
Со откажувањето, односно со згаснувањето на Металург Автокоманда, за титулата останаа само два кандидати – актуелниот шампион Ѓорче Петров и Чаир. Овие две екипи својата прва пресметка во пролетниот дел ќе ја имаат по ЕХФ неделата, односно на 14/15 март, додека втората, според календарот на РФМ, на 9/10 мај.