КЛАСАТА Е ВЕЧНА: Гичева со 12 гола го „почести” лидерот

197

Во рамките од 16. коло од прволигашката конкуренција кај дамите, тимот на Деспина беше домаќин на амбициозниот Атлетик, кој на гостувањето во Прилеп славеше со 32:27 за 13-та победа во дебитанската сезона.

Прилепчанки дадоа силен отпор, особено во првиот дел, но подолгата клупа и квалитетот на гостинскиот состав дојдоа до израз во вторите 30 минути, кога Атлетик го скрши отпорот на домаќинот.

Она што сепак го одбележа овој натпревар, покрај продолжувањето на победничката серија на Атлетик, беше настапот на ветеранката Мери Гичева.

Искусната Гичева блесна на теренот со 12 погодоци и сега зад своето име има вкупно 74 гола во тековната сезона, со што уште еднаш покажа дека кога љубовта кон ракометот е поголема од сè – годините за неа се само бројка.

Гичева е една од тренерите во Прилеп кои континуирано вложуваат во младата генерација, работејќи со младинските категории и пренесувајќи го своето долгогодишно искуство на идните ракометни надежи.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT