Кадетите на Мулти Есенс во натпревар од 10. коло од групата А одиграа како на тренинг на гостувањето во Радовиш кај истоимениот тим и славеа убедливо со 63:29 (32:12).
Покрај 63-те погодоци, за издвојување е и одличната партија на Ангел Кленковски, кој натпреварот го заврши со 21 успешна реализација во мрежата на домаќините.
Втор стрелец во победничкиот состав беше Матео Костоски со десет погодоци, што значи дека двајцата заедно постигнаа повеќе голови од целиот домашен тим.
Кадетите на Мулти Есенс играат перфектно во тековната сезона, засега имаат учинок од десет победи, исто како и Пролет во групата Б