Беше дополнително повикана, а нејзиниот настап веднаш донесе освежување во репрезентацијата

156

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија славеше против Белгија во Куманово со 33:28 во рамките од 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, со што си ги задржа шансите да игра на осмо ЕП.

Освежување во репрезентацијата беше една од интернационалките – Сара Стефаноска, која дополнително беше повикана за вечерашниот меч откако се повреди Ивана Арсениевска.

Бекот одлично ја одработи задачата и беше меѓу најефикасните на натпреварот, постигнувајќи шест погодоци од осум обиди.

Во последните две квалификациски кола, нашата репрезентација ќе ја пречека Германија (8 април), а потоа ќе гостува кај Словенија (12 април).

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT