Македонија ја совлада Белгија во Куманово и остана во игра за ЕП

105

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија славеше против Белгија во Куманово со 33:28 во рамките од 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

По поразот во Белгија (26:25), на денешниот натпревар избраничките на Кристијан Грчевски мораа да победат со најмалку два гола разлика за да останат во игра за пласман на ЕП.

Во последните две кола, нашата репрезентација ќе ја пречека Германија (8 април), а потоа ќе гостува кај Словенија (12 април).

Според системот на натпреварување, на континенталниот собир ќе се пласираат и четирите најдобри третопласирани репрезентации од 6-те квалификациски групи.

Во таа пресметка нема да се земаат предвид сите натпревари од квалификациските натпревари. Ќе се брои само учинокот на третопласираните селекции во дуелите против прво и второпласираните репрезентации, при што ќе се пресметуваат освоените бодови, како и гол-разликата во тие натпревари.

SPORT