Амбициозниот Младост утре гостува во Свети Николе

103

Денеска и утре ќе се одиграат преостанатите шест натпревари од Првата ракометна лига во машка конкуренција, а амбициозниот тим на Младост Богданци, кој досега нема загубено бод, ќе гостува во Свети Николе.

Избраниците на Горан Андоновски за ривал во 18. коло го имаат Овче Поле, тим кој моментално се наоѓа на 10. позиција на табелата со десет освоени бодови.

Љубителите на ракометот во Свети Николе ќе имаат можност на дело да го видат квалитетот на, најверојатно, новиот суперлигаш за следната сезона, бидејќи клубот од Богданци е на добар пат да направи кам-бек во елитата.

Младост  во 19. коло ќе игра против Кичево, а во 20. коло ќе гостува кај конкурентот за првото место, тимот на Мулти Есенс, па така на следните два натпревари искусниот стратег Горан Андоновски ќе може да ја провери формата на секој играч.

Во 18. коло, Преспа на свој терен ќе го пречека Аеродром, Текстилец ќе гостува кај Вардар Неготино, Јехона оди на гости во Ѓорче Петров, додека в недела Партизан Гевгелија е домаќин на Драчево Јуниор.

Претходно, Мулти Есенс немаше никакви проблеми против Кичево (55:20) и дојде до 16-та сезонска победа, со што моментално го презеде лидерското место на табелата, сега има два бода повеќе од Младост.

Прва машка лига, 18. коло:
Мулти Есенс – Кичево 55:20
14.03, 18:30, Вардар Неготино – Текстилец
14.03, 19:00, Македонија ЃП – Јехона
14.03, 19:00, Преспа – Аеродром
15.03, 19:00, Овче Поле – Младост
15.03, 13:00, Гевгелија – Драчево Јуниор
ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT