Прволигашот МРК Ѓорче Петров на пенали го елиминираше Вардар од Купот

207

МРК Ѓорче Петров, тим кој се натпреварува во прволигашката конкуренција, обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако успеа да го елиминира некогашниот освојувач на ова натпреварување, тимот на ЖРК Вардар (29:28), по изведувањето на удари од седум метри.

Регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 26:26, а во пенал рулетот вардарки промашија двапати, додека гостинките беа 100% сигурни и заслужено се радуваа на пласманот меѓу осумте најдобри. Ова значи дека Ѓорче Петров ќе има две екипи во четвртфиналето, со оглед на тоа што директен пласман меѓу осумте најдобри има и сениорскиот тим на „лавиците“.

Токму актуелниот бранител на трофејот, како и Чаир, го прескокнаа елиминациското коло. Пласман меѓу осумте најдобри обезбеди и прволигашот Атлетик, кој на гостувањето во Штип успеа да го елиминира суперлигашот Астибо.

Во Битола, домаќинот Пелистер со одлична игра во второто полувреме стигна до убедлива победа над Стружанка. Одлични во редовите на домашниот тим беа Даниела Шиниковска, Анастасија Тодоровска и Сара Котевска, додека кај гостинките се истакна Еџе Сејадин.

Куманово без никакви проблеми славеше против најмладиот тим на сениорско ниво, тимот на Шампион. Во четвртфиналето ќе игра и Овче Поле Славјански Универзитет, кој убедлива ја совлада Деспина со 38:19.

Куп на Македонија, жени, елиминациско коло:
Пелистер  – Стружанка 34:23 (16:11)
Даниела Шиниковска 8, Анастасија Тодоровска 8, Сара Котевска 7/ Еџе Сејадин 9
Астибо – Атлетик 26:30 (11:15)
Марија Анчева 10, Сара Богојеска 7
Шампион – Куманово 14:48 (8:29)
Катерина Тосеска 5/Меланија Јовановска 9,  Маријана Азеведо 9, Росана Павлова 8
Вардар – МРК Ѓорче Петров 28:29 (17:12)
Леона Миленкоска 10, Бојана Ѓеоргиевска 12
Овче Поле Славјански Универзитет – Деспина 38:19 (14:8)
15.03, 20:00, Јехона – Спартак

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT