Македонија на 26 март ќе ги дознае ривалите во квалификациите за ЕП 2028

53

Машката репрезентација на Македонија на 26 март ќе ги дознае своите противници во квалификациите за Европското првенство 2028, кое ќе се одржи во Шпанија, Швајцарија и Португалија.

Македонската селекција, според актуелниот рејтинг, се најде во вториот шешир заедно со Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија.

На ждрепката ќе учествуваат 32 репрезентации, кои ќе бидат распределени во осум квалификациски групи, а преку квалификациите, 20 од нив ќе се најдат на ЕП.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации од осумте групи, како и најдобрите четири третопласирани репрезентации. Освен трите домаќини, директен пласман има обезбедено и актуелниот европски првак Данска.

Прв шешир: Франција, Словенија, Германија, Норвешка, Шведска, Унгарија, Хрватска, Исланд
Втор шешир: Србија, Македонија, Италија, Холандија, Полска, Австрија, Чешка, Фарски Острови
Трет шешир: Црна Гора, Романија, Литванија, Украина, Босна и Херцеговина, Грузија, Белгија, Грција Четврти шешир: Финска, Израел, Луксембург, Словачка, Естонија, Косово, Турција, Летонија

Европското првенство 2028 ќе се игра во периодот од 13 до 28 јануари.

Во меѓувреме, нашата репрезентација сега е насочена кон Светското првенство 2027, односно кон пласман на Мундијалот. Македонија за место меѓу најдобрите светски репрезентации ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Украина и Словачка.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT