На мечот меѓу Вардар и Тиквеш паднаа 69 гола, младите вардарци подобри од кавадарчани!

100

Во натпревар од 1. коло од младинскиот плеј-оф/аут, тимот на Вардар славеше над Тиквеш со 36:33 и се радуваше на четвртата сезонска победа. Двете екипи играат во плеј-аут сегментот, па натпреварот немаше резултатско значење, но сепак мотивираноста за победа беше голема кај двата табора.

Иако Тиквеш имаше свои моменти во првите петнаесетина минути и на двапати водеше со плус три (6:9, 10:7), домаќинот ја презеде иницијативата во завршницата од првото полувреме, кое го доби со 19:16.

Кавадарчани не се откажуваа во вториот дел, но сè што направија беше да се приближат на минус два во одредени периоди. Вардар имаше неколку расположени играчи, а најмногу се истакнаа Николче Нечовски и Иван Ќурчиев, кои постигнаа по осум погодоци.

Кај Тиквеш, Мики Лазов беше најефикасен со 11 погодоци, девет постигна Мартин Тодоров, а по пет реализации имаа Виктор Петрезанов и Димитриј Ангелов.

Младинска лига, 1. коло, плеј-оф, резултати:
Пролет – Куманово 37:25 (18:13)
Давор Крстески 10/ Тино Стојановски 6
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 36:29 (20:17)
Максим Гарбески 7, Антонио Наковски 7/Александар Славков 7, Андреј Дамчевски 6
Бутел –  Мулти Есенс 30:43 (14:20)
Христијан Ристов 8/Марин Крстевски 8

Младинска лига, 1. коло, плеј-аут, резултати:
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 49:28 (26:13)
Андреј Георгиев 10, Павел Велјановски 8/Јован Јовановски 12, Давид Станковиќ 8
Вардар – Тиквеш 36:33 (19:16)
Николче Нечовски 8., Иван Ќурчиев 8/Мики Лазов 11

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT