Младинскиот шампион победнички го започна плеј-офот

39

Актуелниот бранител на титулата во младинската лига, тимот на Мулти Есенс, победнички го започна настапот во плеј-оф фазата, откако на гостувањето кај Бутел славеше со плус 13, 43:30.

Предводник во победата на гостите беше Марин Крстевски со осум погодоци,  шест постигна Матеј Петрески, а четири пати погодија Дарјан Ѓочески, Матеј Тевдоски  и Стефан Ѓоргиевски.

На спротивната страна, Христијан Ристов ги предводеше стрелците со осум погодоци, два помалку (6) имаше одличниот Лука Лангоски, додека кружниот напаѓач Матеј Новаковски запиша пет реализации.

Младинска лига, 1. коло, плеј-оф, резултати:
Пролет – Куманово 37:25 (18:13)
Давор Крстески 10/ Тино Стојановски 6
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 36:29 (20:17)
Максим Гарбески 7, Антонио Наковски 7/Александар Славков 7, Андреј Дамчевски 6
Бутел –  Мулти Есенс 30:43 (14:20)
Христијан Ристов 8/Марин Крстевски 8

ТАБЕЛА

Младинска лига, 1. коло, плеј-аут, резултати:
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 49:28 (26:13)
Андреј Георгиев 10, Павел Велјановски 8/Јован Јовановски 12, Давид Станковиќ 8
Вардар – Тиквеш 36:33 (19:16)
Николче Нечовски 8, Иван Ќурчиев 8/Мики Лазов 11

ТАБЕЛА

 

На мечот меѓу Вардар и Тиквеш паднаа 69 гола, младите вардарци подобри од кавадарчани!

 

 

Крстески одигра за „десетка“ – Пролет продолжува во победнички ритам

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT