Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Наум Танески, и во следната сезона ќе го предводи тимот на Прилеп.
Стружанецот и раководството на Прилеп се договорија за нова соработка, која доаѓа по одличното издание на прилепчани во суперлигашкото друштво.
Прилеп за влакно не успеа да се пласира во плеј-оф фазата, нешто што не му успеа ниту во минатата сезона, но за наредната, амбициите се дефинитивно да се влезе во ТОП 6.
За таа цел започна и составувањето на ростерот, односно задржувањето на играчите. Моментално, најдобриот суперлигашки стрелец, Димитар Димитриоски останува во родниот град, а покрај него, соработката ја продолжи и 22-годишниот бек од Охрид, Никола Шипинковски.
Прилеп, доколку продолжи со истиот ритам до крајот на сезоната, ќе го освои плеј-аутот, односно ќе заврши на 7. позиција во суперлигашкото друштво