Категорија на прелистување

Вести

Богданци со публика за елита – дури и поголемите суперлигаши би позавиделе!

Амбициозниот прволигаш Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата клупска историја, откако стана есенски шампион без загубен бод. Избраниците на Горан Андоновски, доколку продолжат со исто темпо и во вториот дел од…

Ален Ќосевски ново засилување во амбициозниот Охрид

Амбициозниот проект на Охрид добива ново засилување во името на Ален Ќосевски, кој во редовите на „гладијаторите“ пристигнува од вицепрвакот Вардар. Ресенчанецот, кој шест и пол години го носеше дресот на Вардар, со Охрид се договори на…

Заврши есенскиот дел и кај дамите – Марија Анчева најдобар стрелец

Со натпреварот меѓу Металург Автокоманда и Астибо заврши есенскиот дел во Супер лигата кај дамите, а по 13 одиграни кола, членката на Астибо, Марија Анчева, е лидер на листата на стрелци. Искусната ракометарка, која воедно е и главен…

Сениорите утре ги стартуваат подготовките за ЕП 2026

Машката сениорска ракометна репрезентација утре ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Во конкуренција за настап на континенталниот собир се 21 ракометар, а…

Георгиев со „12-ка“, младите пелистерци славеа кај Вардар

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, предводен од Андреј Георгиев, славеше на гостувањето кај Вардар со 30:25 во натпревар од 14. коло од младинската лига. Првата меѓусебна пресметка меѓу овие две екипи заврши со резултат 35:32 во корист…

Во Кавадарци паднаа 83 гола – младинците на Тиквеш се вратија во егал, но загубија од Алкалоид

Во натпревар од 14. коло од младинската машка лига се сретнаа екипите на Тиквеш и Алкалоид, а на одиграниот натпревар во спортската сала „Јасмин“ беа постигнати вкупно 83 гола. Гостите ги освоија бодовите со победа од 43:40, додека…

Искуството на Гичева и голот на Ристеска ѝ донесоа победа на Деспина во Струга

Во втората меѓусебна пресметка оваа сезона, екипата на Деспина по вторпат беше подобра од Стружанка, откако триумфираше со 27:26 во натпревар од 13. коло од прволигашката конкуренција. За Деспина ова беше 6-та сезонска победа и есенскиот…

Битолчанки со победнички крај ја завршија 2025!

Екипата на Пелистер победнички ја заврши годината, откако во натпревар од 13. коло од Женската лига славеше над Спартак со 11 гола разлика, 31:20. Гостинките доминираа од стартот, на полувреме имаа предност од 11:7, додека во вториот дел…

„Разочаран сум, но ја почитувам одлуката на селекторот за ЕП“

Во периодот од 15 јануари до 1 февруари ќе се одржи Европското ракометно првенство, чии ко-организатори се Данска, Норвешка и Шведска Олимпискиот вицепрвак Германија во групната фаза ќе игра против репрезентациите на Шпанија, Австрија и…

Тиквеш остана без Тајник, Словенецот се враќа во татковината!

Еден од тимовите кој е на добар пат да обезбеди пласман во плеј-оф фазата, Тиквеш, во продолжението од сезоната нема да смета на услугите на Јан Тајник. Словенечкиот ракометар, кој во составот предводен од Кристијан Грчевски пристигна…

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT