20-годишен голман од странство ја засили Струга

144

Екипата на Струга, која во вториот дел од сезоната ќе игра во плеј-аут фазата, реши да си засили на голманската позиција, односно да донесе голман од странство.

Во тимот предводен од Наум Танески пристигна 20-годишниот голман Огњен Остиќ, тој веќе минатиот викенд против Пролет го имаше својот деби настап за македонскиот суперлигаш.

Остиќ својата кариера ја започна во Борац Бања Лука, а интернационалната кариера во Словенија, поточно во тимот на Словењ Градец. На интернационално ниво беше дел и од хрватскиот Ровињ.

Струга до крајот од регуларниот дел од сезоната ќе мора да го поправи впечатокот и да се избори за подобар пласман на табелата. Избраниците на Наум Танески на 14 одиграни натпревари забележаа само две победи .

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе