Лазаров претпазлив за Гвинеја: Фаворити сме, но очекувам тежок меч

89

Репрезентацијата на Македонија утре во рамки од 3. коло од групната фаза на СП за ривал ја има Гвинеја, која е дебитант на Мундијалот. Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, е претпазлив за утрешното соочување со африканската селекција и истакнува дека неговите избраници нема да калкулираат воопшто.

,,Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар”, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја е на програмата од 18:00 часот.

 

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе