Гевгелија ќе биде домаќин на годинешниот Супер Куп

28

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи домаќин на годинешното издание од Супер Купот да биде Гевгелија. Во спортската „24 Април“  на 4 септември за трофејот ќе се судрат Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Битолчани во ланската сезона ја одбранија титулата во домашниот шампионат, додека тимот од Автокоманда  го освои трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето славеше токму на пелистерци и за првпат во својата историја ќе се бори за освојување на Супер Купот. Екипата на Вардар има четири трофеи во Супер Купот, а Еурофарм Пелистер има два, освоени во 2021 и 2022 година. Наскоро од ракометната куќа на Македонија треба да објаваат информации околу билетите за овој предсезонски натпревар.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе