Поранешниот член на Вардар, Игор Карачиќ, по завршувањето на тековната сезона ќе го напушти полскиот гигант Келце. Карачиќ, кој со „црвено-црните“ ги освои двете титули во Лигата на шампионите, се збогува со навивачите на полскиот тим преку социјалните мрежи.
„Зборовите не доаѓаат лесно во овој момент, но секој играч знае дека овој ден ќе дојде. Мојата авантура тука како играч заврши и време е да се збогуваме. Сакам да знаете дека ова се моите последни месеци како играч на Келце. Ми беше задоволство да играм за вас – навивачите. Како Хрват, ме пречекавте како еден од вашите, ви благодарам за тоа… До мојот тим и тренерите: Имав среќа да работам со толку многу талентирани луѓе и сум благодарен на секој од вас, бидејќи ми помогнавте да пораснам како играч и како личност. Ви посакувам сè најдобро во наредните години и сигурен сум дека како тим ќе постигнете големи работи. Келце е наш дом веќе шест години. Јас и сопругата ќе бидеме засекогаш благодарни за луѓето што ги запознавме тука и за семејството што го создадовме овде. Келце и Полска секогаш ќе имаат место во нашите срца“, изјави Карачиќ.
Во наредниот период се очекува да биде познат новиот клуб на Карачиќ. Искусниот Хрват „црвено-црниот“ дрес го носеше од сезона 2011/12 до 2019/20 и беше еден од милениците на вардаровата публика.
Во Македонија дојде од Босна Сараево, а во својата кариера настапуваше уште за Перутнина ПИПО, Метковиќ и Зрињски Мостар.