Машката репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите за Европско првенство 2026. Избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групата Б (Хернинг) против селекциите на Данска, Португалија и Романија. Најдобрите две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман во главната фаза.
Европското ракометно првенство во 2026 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, од 15 јануари до 1 февруари.