Ивана Арсениевска со нов предизвик, се сели во Полска!

311

Македонската репрезентативка Ивана Арсениевска ќе има нов предизвик на интернационално ниво, откако се договори на соработка со полскиот клуб Кошалин.

Младата ракометарка, која со тимот на Металург го освои Купот на Македонија на сениорско и младинско ниво во 2022 година, а истата година беше прогласена за МВП на младинскиот Ф4 турнир, оваа сезона настапуваше за романскиот клуб Униреа Слобозиа.

Арсениевска се афирмираше во редовите на Металург, каде што нејзините добри настапи ѝ донесоа понуди за интернационална кариера.

Кошалин успеа да обезбеди опстанок во најквалитетното натпреварување во Полска, па така Арсениевска во следната сезона ќе има можност да се натпреварува во силна конкуренција, со оглед на тоа што полската лига се смета за една од поквалитетните во Европа.

21-годишната ракометарка со Македонија настапи на две Европски првенства – во 2022 и 2024.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT