Херојот на Вардар го задржа Метковиќ во хрватската елита!

123

Легендарниот Иван Чупиќ, кој му ја донесе првата титула на Вардар во Лигата на шампионите, заедно со Метковиќ изборија опстанок во најквалитетното натпреварување во Хрватска.

Чупиќ во вториот дел од штотуку завршената сезона го презеде кормилото на својот матичен клуб и успеа со своите избраници да ја оствари зацртаната цел.

Метковиќ за опстанок во хрватската елита се бореше против Ардиаеи, клуб од Дубровник, и успеа на двапати да триумфира (30:19, 25:23).

Некогашното десно крило, пред да ја започне својата самостојна тренерска кариера, беше дел од стручниот штаб на најтрофејниот хрватски клуб – Загреб.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT