Некогаш беше голем ривал на Кометал ЃП и Вардар – сега повторно се соочува со финансиски проблеми!

181

Поранешниот шампион на Норвешка, Ларвик, ја прекина соработката со тренерот Арне Сенстад, кој паралелно ја води и женската репрезентација на Полска.

Иако имаше договор на уште една сезона и прифати намалување на платата, клубот реши да го раскине договорот поради финансиски проблеми.

Финансиските проблеми веќе влијаеја врз клубот, па така раководството на Ларвик не успеа да го продолжи договорот и со легендарната Хајди Локе, која е дел од стручниот штаб, односно асистент на Сенстад во полската репрезентација, а од следната сезона ќе го предводи женскиот тим на Рунар.

Токму финансиите беа причина клубот во 2019 година да се пресели во понизок ранг, но по само една годишна пауза повторно се врати во норвршката елита.

Ларвик во сезона 2018/19 го имаше последното учество во најквалитетното европско натпреварување – Лигата на шампионите. Од тој период па до сега, само двапати се појави на европската сцена.

Како што е познато, Ларвик своевремено беше голем ривал на Кометал Ѓорче Петров и ЖРК Вардар во елитата, а последното гостување во Скопје го имаше на 4 ноември 2017 година, кога беше поразен од вардарки со 30:27.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT