Репрезентативецот на Фарските Острови, Оли Митун, заедно со своите соиграчи се радуваше на бронзениот медал на Светското младинско првенство кое се одржа во Полска.
Средниот бек не само што освои бронза, туку беше избран и за најкорисен играч (МВП) на Мундијалот, а воедно беше и најдобар стрелец со 73 постигнати гола.
Митун беше и најдобар асистент, со што потврди дека е ракометар од исклучителна класа и голем потенцијал за иднината.
Младиот ракометар од следната сезона ќе го носи дресот на данскиот ГОГ Гудме – клуб кој е еден од ривалите на македонскиот шампионт Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите.
Првото меѓусебно соочување меѓу пелистерци и ГОГ Гудме, според првичниот распоред на ЕХФ, ќе биде токму во Битола на 24/25 септември.
Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите во ЛШ – ќе игра против Магдебург, Барса, ПСЖ…