Еден од младинските тренери на КК Крива Паланка, Андреј Алексовски, викендов (28 и 29 јуни) учествува на една од најголемите кошаркарски клиники во Европа – „Душан Ивковиќ 2025“, што се одржува во Белград.
Станува збор за реномирана едукација наменета за тренери, на која предаваат врвни стручњаци од светската и европската кошарка, како што се Душан Алимпијевич, Саша Обрадовиќ, Александар Џикиќ, Јанис Сфаропулос и Бред Андервуд.
Ова е одлична можност за дополнителна едукација и напредок за Алексовски, а стекнатите знаења ќе бидат драгоцени за понатамошната работа во македонската кошарка, особено во развојот на младите генерации во Крива Паланка.