📷Една од легендите на Кометал ЃП го засилува стручниот штаб на Вардар

93

ЖРК Вардар го засилува стручниот тим со едно од најзвучните имиња од редовите на Кометал Ѓорче Петров. Станува збор за Лидија Ажиевска, која своевремено беше носите на Кометалки а подоцна и како член на стручниот тим, но и тренер на младинскиот погон на Кометал во тоа време.

Лидија со своето искуство, како ракометно така и лично ќе биде сериозно засилување во пионерската школа на Вардар и ќе придонесе за зајакнување, стабилност и интензит во целокупниот процес во работата со најмладите.

Денес школата на Вардар брои вкупно 40 деца, плус пионерскиот и кадетскиот тим како веќе формирани екипи. Условите за работа се идеални, почнувајќи од опрема и реквизити како и три до четири термини во тековната недела.

Оваа година во програмата се воведуваат задолжителни турнир натпреварувања. По стариот принцип тоа што функционира добро нема да се менува, школата ја продолжува соработката со СЦ Марко Божиновски -Дупка и тренинзи за најмалите ќе се одвиваат токму тука.

Од генерацијата 2012/13 повеќе од 15 девојчиња ќе се префрлат со работа во голема сала со што ќе отпочне создавање на нова помлада пионерска екипа и ќе се одстапи простор за ново запишани членови во ‘Дупка’.

Уписите се во тек преку цело лето.

Контакт:

078483659

070293714

078299943

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT