Еден од најголемите кошаркарски надежи на Македонија, Никола Јаничиќ, кој минатото лето беше прогласен за МВП на Европското првенство од Дивизијата „Б“ (играно во Скопје), каде Македонија го освои златниот медал, доби повик за сениорските подготовки од новиот селектор Марјан Илиевски пред втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027.
Првиот тренинг на кој ќе учествува и Јаничиќ е закажан за 10 јули. Јаничиќ има само 17 години, а во 2023 година беше прогласен за најдобар млад играч во нашата држава. Тој беше дел и од деветтото издание на престижниот камп „Кошарка без граници“, организиран од ФИБА и НБА лигата.