Најтрофејниот клуб во историјата на Лигата на шампионите, Барселона, вчера гостуваше во Битола кај македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и си замина со победа, 34:30. Пелистерци одиграа храбро и достојно се претставија против моќниот состав од Каталонија.
Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц, кој од сезоната 2019/20 го носи дресот на Барселона, на социјалните мрежи објави фотографија со легендарниот Пепи Манасков, изразувајќи голем респект кон македонската ракометна легенда.