Димов погоди 12 пати, Овче Поле славеше кај Шампион

65

Ракометарите на Овче Поле триумфираа на гостувањето во Скопје кај Шампион со 34:32 (16:16) во натпревар од 9. коло од прволигашката конкуренција.

За Овче Поле ова беше четврта сезонска победа и сега има осум бода на свое конто. Шампион и понатаму останува без освоен бод во досегашниот тек од сезоната.

Иако домаќините можеа да дојдат до реми, имаа напад за нерешено, сепак, погрешија во последниот напад, па во последните десет секунди Филип Сентовски со својот втор гол ја потврди победата на гостинскиот тим.

Шампион во најголемиот дел од натпреварот беше повеќе од рамноправен противник, а во последните 15 минути гостите од Свети Николе успеаја да го скршат отпорот на домаќинот и до крајот имаа солидна позитива.

Најефикасни во победничката екипа беа Илија Димов со 12 и Кристијан Стаменков со осум погодоци, додека Кирил Буровски имаше шест успешни реализации.

Најрасположени кај Шампион беа Давид Јовчевски со 12 и Филип Спирковски со осум погодоци.

Прва машка лига, 9. коло, резултати:
Јехона – Мулти Есенс 24:44 (12:23)
Драчево Јуниор – Кичево 52:21 (25:10)
Преспа – Вардар Неготино 19:25 (10:15)
Текстилец – Младост 22:35 (14:19)
Шампион – Овче Поле 32:34 (16:16)
09/11, 16:30, Аеродром – Македонија Ѓорче Петров
Партизан – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT