Недановски: Гогов заслужува да добие шанса во репрезентацијата

152

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва против велесилата Данска ќе го стартува своето деветто учество на континенталните собири, осмо во низа.

Неколку часа пред натпреварот, во отвореното студио на МРТ гостин е поранешниот тренер на Вардар, Владо Недановски, кој истакна дека вардаровиот голман Васил Гогов заслужува да биде дел од националниот тим, односно барем да се најде на скратениот список.

„Во Вардар нема многу Македонци, но тие што се таму се квалитетни. Играат во домашното првенство, а настапуваат и во Лигата на Европа. На пример, голманот Васил Гогов за мене беше изненадување, бидејќи по не знам кој пат не се најде на списокот на селекторот. Навистина е голем професионалец, а на натпреварите покажува дека од година во година сѐ повеќе напредува. Станува збор за одличен голман и сметам дека треба барем еднаш да се најде на списокот, да биде повикан и селекторот одблиску да види за каков голман станува збор, изјави Недановски“.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска стартува од 20:30 часот.

🎥Македонија на мегдан со Данска (ВО ЖИВО)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT