Репрезентацијата на Хрватска вечерва од 20:30 часот против Швајцарија ќе атакува на победа со која ќе остане во игра за пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Во првото коло од главната фаза, „коцкестите“ славеа над Исланд со 30:29, а триумфот на селекцијата предводена од Исланѓанецот Дагур Сигурдсон предизвика бројни анализи кај ракометната јавност во островската земја.
Поранешниот репрезентативец на Исланд, Јохан Гунар Еинарсон, детално го анализираше натпреварот, но и тренерскиот дуел меѓу Дагур Сигурдсон и исландскиот селектор Снори Гудјонсон.
„Ќе речам дека малку почнува да ме нервира Сигурдсон и почнувам да го мразам. Не мислам дека Хрватска е нешто посебно. Нивните играчи, особено бековите, не се од светска класа“, изјави Еинарсон.
Исланѓаните, исто како и Хрватска, имаат два бода. Избраниците на Гудјонсон денеска од 18:00 часот ќе се соочат со еден од ко-домаќините на Европското првенство – Шведска.