На 14/15 февруари стартува продолжението од сезоната во најквалитетното женско сениорско натпреварување во Македонија, а неизвесна е судбината на Металург Автокоманда, клуб кој се соочува со големи финансиски проблеми.
Од сениорскиот тим заминаа речиси сите клучни ракометарки, а според извори од Автокоманда, исписница од клубот побарале и дел од ракометарките кои не се дел од сениорскиот состав, односно настапуваат во помладите категории, а дел од нив веќе си имаат обезбедено и нов клуб.
Кадетската екипа на Металург Автокоманда есенскиот дел го заврши на второто место, пионерките на паузата заминаа како лидери, додека сениорките ја завршија полусезоната на втората позиција.
Металург Автокоманда амбициозно влезе во новата сезона, но наследникот на некогашниот шампион на Македонија, ЖРК Металург, би можел да ја доживее истата судбина.
Останува во следниот период да се види дали клубот ќе успее да ги стабилизира состојбите и да го доигра првенството.
Металург остана без двата дијаманти: Беровиќ и Јанкуловска си заминаа од Автокоманда