Крај на шпекулациите: Вајлупов не доаѓа во Вардар

167

Иако според пишувањата на „RTHandball“, репрезентативецот на Белорусија, Никита Вајлупов, требаше да заврши во Вардар, искусното десно крило останува во Бенфика.

Белорусинот и раководството на клубот се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност најмалку до 2028 година, па реално е да се очекува дека Вајлупов токму во Бенфика ќе ја заврши својата кариера.

По три сезони минати во унгарскиот гигант Веспрем, Вајлупов се одлучи за нов предизвик и летоска потпиша за Бенфика. Иако имаше одредени проблеми поради „спортска виза“, Белорусинот и челниците на клубот успешно ги надминаа административните пречки.

Вардар пред две недели потпиша со десното крило и голем талент Бобан Поповски, па јасно беше дека постои мала можност Вајлупов да го видиме на македонските терени.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT