Поранешниот селектор на Црна Гора, Драган Аџиќ, си поднесе оставка од функцијата главен тренер на словенечкиот шампион Крим Меркатор. Оставката на Аџиќ следува откако Крим трипати по ред загуби во Лигата на шампионите, од ЧСМ Букурешт, Ференцварош и Мец.
Искусниот стратег, кој со Црна Гора го освои златото на Европското првенство 2012, клупата на Крим ја презеде во текот на 2022 година. Аџиќ е селектор на женската сениорска репрезентација на Словенија, а дали заминувањето од Крим ќе влијае на неговата работа на репрезентативно ниво, останува да видиме.