Екс играч на Јафа Промет, Пелистер, Вардар… – е најдобриот стрелец на Македонија на првото ЕП

127

Машката ракометна репрезентација на Македонија на Европско првенство во Данска, Норвешка и Шведска ќе го има своето деветто учество на континенталните собири.

Нашата репрезентација од 2012 година редовно учествува на Европските првенства, а првото учество го забележа во далечната 1998 година во Италија.

Македонија на деби настапот на големите натпреварувања се најде во исклучително тешка група, во која за ривали ги имаше селекциите на Русија, Шпанија, Хрватска, Унгарија и Чешка.

Нашата репрезентација настапот го заврши на 12. место, со биланс од едно реми и пет порази. Единствениот бод беше освоен во натпреварот против тогашната силна репрезентација на Русија (26:26), одигран во рамките на второто коло.

На првото големо натпреварување, најдобар стрелец во таборот на нашата репрезентација беше Игор Котевски – еден од столбовите на националниот тим во 90-тите години. Битолчанецот настапот го заврши со 26 погодоци, а еден помалку имаше Пепи Манасков.

Котевски во својата играчка кариера настапуваше за Јафа Промет, Пелистер, Вардар, Борац Бања Лука…Во тренерската кариера ги има предводено Куманово, Јуниор КВ, Голден Арт, Металург, Бутел Скопје…а во првиот дел од тековната сезона се врати на клупата на прволигашот Вардар Неготино.

 

🎥Ретро ракомет: Одбраната на Зенга и големото славје на Преспа Јафа Промет против Лемго

 

 

Прво големо учество на Македонија – ЕП 1998 со Стефановски, Манасков, Јовиќ, Алушовски, Новокмет, Марковски…

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT