🎥🔴Меч за европско злато: Охрид – Татабања (ВО ЖИВО)

31

Екипата на Охрид вечерва на свој терен ќе го одигра најважниот натпревар во својата клупска историја и ќе се бори за европско злато.

Охриѓани во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат домаќини на Татабања во реванш натпреварот од финалето на Европскиот Куп.

Македонскиот тим со пласманот во финалето веќе испиша историја, но освојувањето на трофејот би било уште поголем успех за Охрид, но и за македонскиот клупски ракомет.

Избраниците на Ројевиќ во реваншот ќе влезат со гол предност, стекната на првата финална пресметка. Во Татабања, Охрид славеше со 29:28.

Гостите пристигнуваат без еден од своите најдобри играчи, Матеј Хавран, кој заработи тешка повреда на првиот натпревар.

Натпреварот меѓу Охрид и Татабања започнува во 20:00 часот, а љубителите на ракометот ќе можат да го проследат во директен пренос на МРТ 3, односно на овој ЛИНК, како и преку платформата на ЕХФ ТВ (ЛИНК), каде што е потребна регистрација и претплата.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT