Еден од најголемите кошаркарски таленти во Македонија, Рон Јетиши (генерација 2011), од новата сезона ќе настапува за Вардар, откако постигна договор за соработка со „црвено-црните“. Јетиши во вардаровиот табор доаѓа од Работнички.
Талентираниот кошаркар има поминато минути во најквалитетното домашно сениорско натпреварување, а во сезона 2024/25 ги собра најголемите признанија во М14 конкуренцијата. Јетиши беше прогласен за најкорисен играч на Ф4-турнирот во М14 лигата, а подоцна и за најдобар играч во оваа категорија за целата сезона.
На завршниот турнир во споменатата сезона, одигран во СРЦ „Кале“, Јетиши постигна вкупно 71 поен, од кои дури 41 беа во финалето против МЗТ Скопје.
Паралелно со настапите во младинските категории, Јетиши беше дел и од националните селекции, а ова лето настапи за македонската кадетска репрезентација на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 16 години, кое се одржа во Скопје и Гевгелија.